Спорт

Ѓорческа со убедлив старт во Анталија: Српската тенисерка Ристиќ совладана во два сета

Ѓорческа со убедлив старт во Анталија: Српската тенисерка Ристиќ совладана во два сета

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во квалификациите на УС опен денеска со победа стартуваше на ВТА турнирот од серијата 125 во Анталија, што се игра за награден фонд од 115.000 долари, совладувајќи ја во првото коло Миа Ристиќ од Србија со 2-0 во сетови (6-1, 6-3).

Триумфот над седмата носителка на турнирот Ѓорческа го извојува по 86 минути игра.

Во првиот сет Ѓорческа со два брејка дојде до водство од 4:0 во гемови, а потоа во седмиот гем по 16 одиграни поени ја искористи четвртата сет топка и поведе со 1-0. Во вториот сет, македонската тенисерка направи брејк во четвртиот гем за водство од 3:1 и предноста ја зачува до крајот на дуелот.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Италијанката Аурора Ѕантедески.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни