Влатко Ѓорчев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција истакна дека власта удри по пензионерите, и не само што не им дава да работат и да имаат дополнителни приходи, туку дека нивните пензии нема повеќе да растат што е законски.
„Владата ги разочарува сите граѓани. Носат закон за зелен пазар, а, сега СДСМ удри и по пензионерите. Секогаш кога СДСМ е на власт, удира по пензионерите. После измените во законото со кој им забрани на пензионерите да работат на пазарите и да имаат дополнителни приходи, сега со измените на законот го укинува покачувањето, кое што е законско донесено од страна на ВМРО-ДПМНЕ претходно.
СДСМ повторно удираат по најранливата категории на граѓани. Пензионерите ќе земаат помалку пензија отколку со претходното решение од ВМРО-ДПМНЕ. Пензиите повеќе нема да растат како резултат на порастот на просечната плата на сите вработени. Се анулира и се крати зголемувањето кое требаше да го имаат пензиноерите.
Владата удри по младите, удри по пензионерите, удри по земјоделците, удира по сите категории“, рече Ѓорчев.