Македонија

Ѓорѓиевски: Ќе го воскреснам Скопје

Ѓорѓиевски: Ќе го воскреснам Скопје

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција порача дека кандидатот за градоначалник на Град Скопје од партијата е Орце Ѓорѓиевски.

Се работи за актуелен градоначалник на општина Кисела Вода.

На прес конференцијата, покрај Мицкоски, беше токму и Ѓорѓиевски кој вети дека ќе го воскресне Скопје.

„Апсолутно сум свесен во каква состојба се наоѓа градот Скопје, апсолутно сум свесен за девастираноста на градот, за сивилото кое што владее и во кое живееме сите скопјани. Но исто така сум спремен, по завршување на овие избори, повторно да го воскреснам Скопје, односно градот конечно да стане град за достоинствен живот за сите граѓани, без делби“, вели Ѓорѓиевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни