Македонија

Ѓорѓиевски откри информација за можни финансиски малверзации во „Комунална хигиена“

Ѓорѓиевски откри информација за можни финансиски малверзации во „Комунална хигиена“

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва пристигна на акцијата за чистење на градот и порача дека отстранети се од работа 371 лице од јавните претрпијатија.

Како што вели, лицата не оделе на работа или го злоупотребиле своето работно место.

Тој најавува и дека проверките ќе продолжат и во следниот период.

Ѓорѓиевски посочи и дека има информација за можни финансиски малверзации во Комунална хигиена.

„Денеска до мене стигна една информација поткрепена со документи и ги повикувам вечерва надлежните институии да постапат, а тоа е дека биле ангажирани возила за чистење во „Комунална хигиена“ и истите возила се плаќани на име на физички лица кои земале интелекуални услуги од пет до десет илјади евра“, рече Ѓорѓиевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни