Надлежните институции веќе преземаат мерки по пријавата за појава на непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар. Како што информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, инспекциските служби на Градот и на Министерството за животна средина веднаш излегле на терен по добивањето на дојавата.
За побрзо лоцирање на изворот на загадувањето, градските инспекции подигнале дрон за детекција на причинителот, додека екипи на ЈП „Водовод и канализација“ веќе земале примероци од водата за лабораториско испитување.
„Толеранција нема да има за никого! Во постојана комуникација сме со Министерството за животна средина и министерот и верувам дека брзо ќе го откриеме и соодветно ќе го санкционираме сторителот. Штом добиеме подетални информации, јавноста ќе биде веднаш известена“, нагласи Ѓорѓиевски.