Македонија

Ѓорѓиевски: Волкот најверојатно бил чуван незаконски со ремче и ланец

Ѓорѓиевски: Волкот најверојатно бил чуван незаконски со ремче и ланец

Волкот кој вчера беше уловен во скопско Козле, најверојатно бил чуван незаконски.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изрази неверување од постапката на сопствениците кои го чувале дивото животно среде урбана средина.​

„Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина“, истакна тој.​

Животното е префрлено во Зоолошката градина

​По лоцирањето и заловувањето, волкот е безбедно транспортиран и во моментов за него се грижат службите на Скопската зоолошка градина.​

Од надлежните институции сега се очекува да ги преземат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот и лоцирање на одговорноста.​

Апелирајќи дека во Скопје мора да има строг ред, Ѓорѓиевски порача:

​„Мора да изградиме похумано, побезбедно и одговорно општество во кое законите важат за сите, а животните се третираат со грижа, а не како предмет за нечие иживување.“

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни