Избувна пожар на падините на ридот Исарот во Штип. Густ бел и сив чад се издигнува над градот, а огнената стихија предизвика голема вознемиреност меѓу локалното население.
Пожарот зафати ниска вегетација и дрвја на самиот рид, веднаш под историската тврдина. Ситуацијата е особено алармантна бидејќи огнот се спушта на само неколку метри од првите куќи во подножјето.
Густиот чад директно се надвиснува над густо населениот дел, што претставува директна закана за објектите и здравјето на граѓаните.
Топлото летно време и сувата вегетација се фактори кои дополнително го олеснуваат ширењето на пламените јазици. Екипите на Територијалната противпожарна единица се исправени пред сериозен предизвик да го локализираат огнот на овој непристапен терен, пред тој да предизвика катастрофални материјални штети на околните домови.
Причините за избувнувањето на овој пожар дополнително ќе се утврдуваат од страна на надлежните институции по неговото целосно гаснење.