Пожар во скопското село Катланово. Седум противпожарни возила се на терен на потегот меѓу бензиската пумпа „Окта“ и викендиците кај Катланово, каде попладнево избувна пожар, велат од Скопската бригада.
Пожарот се уште не е локализиран, но командирот на противпожарната бригада вели дека нема опасност засега за бензиската пумпа и викендиците кај Катланово.