Новата ТВ серија „Господарот на прстените“ ќе се снима во Велика Британија, наместо во Нов Зеланд.
Преместувањето на високобуџетската продукција ја објави компанијата „Амазон“.
Според оваа компанија, овој потег е дел од планот за проширување на својот простор и консолидација на филмската индустрија во Обединетото Кралство.
Инаку, „Амазон студио“ досега потрошиле 465 милиони долари за првата сезона на шоуто, а се очекува да се снимаат уште четири сезони, со што серијата ќе стане една од најскапите во историјата на телевизијата.
Се работи за фантастична приказна која е сместена илјадници години пред настаните на ЏРР Толкин во „Хобит“ и „Господарот на прстените“.
Зелената природа и пространите предели на Нов Зеланд беа дом и на филовите „Господарот на прстените“ и „Хобит“ на режисерот Питер Џексон.
Од „Амазон“ посочуваат дека работата на првата сезона ќе биде завршена на Нов Зеланд пред продукцијата да се премести во Велика Британија.
Прикажувањето на првата епизода е закажано за 2 септември 2022 година.
