Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ заборави дека загадувањето е реакција на нивното долгогодишно негрижливо однесување

„ВМРО-ДПМНЕ нема никаков основ да реагира и глуми загриженост, се додека не се извини на македонската јавност за сето она што го стори во минатото, а со тоа директно придонесе денес Скопје да биде загаден град“, реагираат од Град Скопје по повод денешните обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ за загадениот воздух.

„Градот Скопје реагира на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое беа изнесени разни невистини и празни, неосновани обвинувања кон градоначалникот Шилегов.

Град Скопје ги негира обвинувањата и паушалните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ во однос на активностите и напорите на Градот Скопје во борбата против загадениот воздух. Затоа, апелираме до ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ја замајуваат јавноста со вакви неумесни соопштенија и обвинувања, да бидат конструктивни чинители и да учествуваат во борбата против загадениот воздух, нешто за кое не беа и не обрнуваа внимание за време на своето долгогодишно владеење. Загадувањето што се уште се појавува во главниот град е само реакција на долгогодишното негрижливо однесување на ВМРО-ДПМНЕ кон зеленилото во изминататата деценија. Како они да заборавија и не сакаат да се потсетат за своето брутално однесување кон дрвјата во Скопје и непланското градење занемарувајќи го интересот на граѓаните што живеат во главниот град.

Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се извини на сите граѓани, тогаш нивните предлози и критики ќе ги земеме предвид и само тогаш можеби ќе веруваме дека навистина сакаат и се грижат за градот. До тогаш, само можат слободно да ги прочитаат преземените мерки во борба со загадувањето откако Шилегов дојде на функцијата градоначалник на Скопје.

Во контекст на оваа реакција, сакаме да ја информираме и потсетиме јавноста дека Градот Скопје, во рамките на своите надлежности работи на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување  активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното