Министерството за здравство информираше дека граѓаните имаат на располагање повеќе опции со кој може да докажат дека се навистина вакцинирани.
Од понеделникот, во угостителски објекти или на други настани, каде има повеќе од 30 луѓе, дозволен е влез само за граѓаните вакцинирани со две дози вакцина, примиле една доза вакцина, или пак прележале Ковид 19, пред 45 дена.
„Потврдата за прележан Ковид 19, може да ја извадат единствено граѓани кои се заведени во ИЈЗ дека биле заразени со вирусот, а потврди освен на веб страницата vakcinacija.mk, може да извадат и кај матичен лекар.
Националниот сертификат за вакцинација, исто така може да го извадат од сопствениот профил на vakcinacija.mk, а сличен е принципот и за вадење на CommonPass, за кој има и мобилна апликација, а со која исто така може да влезат во објектите опфатени со мерките.