Свет

Граѓаните на Германија ги разбуди експлозија: мост се урна во река!

Граѓаните на Германија ги разбуди експлозија: мост се урна во река!

Делови од мостот на Дрезден, кој го поврзува историскиот стар град со новиот град, паднале во реката Елба. Пожарникарите ја опколиле областа и предупредуваат дека и други делови се во опасност од уривање.

Граѓаните велат дека ја слушнале експлозијата околу три часот наутро.

„Слушнав силна експлозија, ме разбуди. Не можев да видам ништо во мракот, а потоа слушнав сирени“, изјави жителот Хендрик за Билд.

Мостот Карола е еден од најважните мостови во Дрезден. Бил уништен во Втората светска војна и повторно изграден за време на Германската Демократска Република (ГДР).

Според Билд, три сегменти од мостот се во вода. Службите за итни случаи го опколија целиот простор околу мостот и самиот мост.

„Извештајот го добивме во 3 часот и 1 минути по полноќ, мостот веќе беше во Елба. За чудо, никој не е повреден“, изјави портпаролот на полицијата за Билд.

Службите за итни случаи претпоставуваат дека постои опасност од дополнителен колапс.

„Очекуваме дека нови делови од мостот би можеле да се урнат“, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Луѓето по секоја цена треба да се држат подалеку од мостот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни