Македонија

Граѓаните „се печат“ во автобусите без клими, Шилегов само во зима се вози со автобус, во лето со тротинет

Градоначалникот на Град Скопје за време на кампањата и за време на зимскиот период кога аерозагадувањето беше на високо ниво се возеше со автобус. Но сега тој има електричен тротинет, и со него пристигна на денешниот настан.

Господине Шилегов за време на зимскиот период се возевте со автобус, сега ве видовме како се возите со елктричен тротинет. Дали периодов сте се качиле во автобус. Со оглед на тоа дека во некои од автобусите воопшто нема клима. Дали вие како татко на градот ќе превземето нешто во врска со ова?

„За жал концесискиот договор со приватните превозници го имам наследено како градоначалниик. Во времетраење од 5 години остануваат уште две ипол. Видот, типот и квалитетот на автобусите се определени од предходната градска администрација и ние сме немоќни. Во смисла дека се уште постојат активни договори со приватните концесионери“, рече Шилегов.

По оваа изјава градоначалникот продолжи да зборува за темата, велејќи на новинарската екипа да проба да ги раскине договорите со приватните превозници.

Шилегов: Што да правам јас?

Новинарка: Направете нови договори.

Шилегов: Нови договори, раскини ги ти да видиме.

Новинарка: Да станам јас градоначалничка?

Шилегов: Не ама…

Додека Град Скопје е немоќен да ги раскине договорите со приватните превозници, гаѓаните се печат во автобусите. Некои автобуси возат со отворени врати.

Се возиме во автобусот број 19-ка. Може да се види дека во овој автобус нема клима и дека граѓаните се ладот со тоа што имаат во рака. Инаку температурата е 40 степени.

Патниците велат дека е жешко, осебно кога има голема гужва.

Ленин Јовановски од Слобода превоз вели дека климите не помаѓаат за разладување на автобусите затоа што на секоја станица се отвараат врати. Автобуси кои немаат клими се со број 19, 22, 11, 12 и други. Од ЈСП велат дека се случува во некои возила климите да се исклучени со оглед на тоа дека некогаш има реакции на дел од граѓаните дека им е преладно, па возачот е приморан да ги исклучи како не би се нашол во незавидна положба со оглед на заканите. Завчера имале три поплаки од повозрасни патници дека им било преладно. Од ЈСП Скопје велат дека сите нивни автобуси имаат клима, а 90 отсто од нив се исправни. Преостанатиот дел се предмет на сервисирање, проблем кој е настанат тековно, и кој како што велат не може да се предвиди.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни