Триесет и шест проценти од македонските граѓани кои имаат пристап до интернет вршат онлајн нарачки. Од почетокот на годината бројките покажуваат на потрошени 84 милиони евра и раст од 26 проценти во однос на тој период лани. Во земјава има потенцијал за раст на е-трговијата. Услови постојат, законодавството дава можност, оформен е и Електронскиот регистар на население, а се најавуваат и промени и во делот на мали партки и нивно следење со скенер.
Ова го истакнаа пред годишна конференција за е-трговија „Бизнис раст со е-трговија“ во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, директорот на ФИТР Јован Деспотовски и Виктор Стојковски генерален секретар на Асоцијцијацијата.
-Интерсот за е-трговија се повеќе расте и се зголемува што покажуваат и бројките за потрошени 84 милиони евра во првата половина од оваа година и имаме раст од 26 отсто во однос на тој период лани, рече Стојковски и додаде дека радува фактот што се зголемува и процентот на нарачки кон домашни оналјн продавници во однос на нарачките од странство.
Министерката за финансии посочувајќи на податоди дека во 2011 година обртот во е тргоивја изнесувал 930 илјади евра, а во 2017 година достигнал 134 милиони евра и раст во последните години раст од околу 30 проценти, рече дека сепак има огромен потенцијал за уште поголем и позабрзан раст.
-Сметам дека имаме огромен потенцијал за уште поголем и позабрзан раст, но за да го вклучиме тој потенциијал клучно потребно е да имаме квалитетно партнерство и холистички пристап помеѓу Владата, невладините организации, реалниот сектор, академијата, едукациските центри. Дигиталната економијата е предизвик за сите земји и носи огромни можности за раст, рече Ангеловска.
Додаде дека од оние граѓани што имаат пристап до интернет 36 проценти вршат онлајн порачки и смета дека има потенцијал за раст и на оваа бројка.