Гратис обезбедување за политичарите ако им е загрозен животот во кампања: Како функционерите добиваат ВИП третман

Кампањата за претседателските избори на 24 и 8 мај е веќе во тек, а почна и кампањата за парламентарните избори на 8 мај. Кандидатите за претседател ќе бидат поекспонирани во јавноста и меѓу граѓаните, а со тоа и изложени на поголем ризик од говор на омраза и провокации од уфрлени лица на митинзите што би можело да предизвика да се чувствуваат небезбедни.

Партиските функционери или други личности кои извршуваат јавни функции може да поднесат барање до Министерството за внатрешни работи да им одреди обезбедувњње при вршењето на активностите, но за него одлучува министерот по извршената безбедносна проценка.

„Министерот за внатрешни работи може да определи мерки за обезбедување на други личности кои извршуваат јавни функции по поднесено барање од нивна страна, доколку по врз основа на извршена безбедносна проценка е преценет висок степен на опасност по нивниот живот и личниот интегритет, поради извршување на определени дејствија во вршење на нивната функција“, велат од МВР.

МВР не наплатува трошоци ниту на месечно, ниту на годишно ниво за извршување на оваа надлежност.

„Министерството за внатрешни работи кога превзема мерки и активности во рамките на својата надлежност, во која спаѓа и обезбедувањето на личности и објекти, а за извршување на оваа надлежност министерството не наплатува трошоци на месечно или годишно ниво“, потврдија од МВР.

За разлика од кампањата за парламентарни избори, во изборната кампања за претседател на РСМ, МВР задолжително презема мерки за обезбедување на кандидатите за избор на претседател.

Од поодамна е познато дека бившите претседатели на земјата како Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски и по престанокот на нивните функции имаат обезбедување лично и на членовите на нивните потесни семејства.

Во Македонија обезбедувањето на ВИП личностите е регулирано со Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување врз основа на која МВР во рамките на својата надлежност презема мерки и активности за обезбедување на највисоките претставници на органите на државна власт.

„Врз основа на член 4 од Уредбата, од страна на МВР постојано се обезбедуваат: претседателот на Републиката; претседателот на Собранието; претседателот на Владата; замениците на претседателот на Владата; министерот за внатрешни работи; министерот за одбрана; министерот за надворешни работи; директорот на Бирото за јавна безбедност; директорот на Агенцијата за национална безбедност; членовите на потесното семејство (брачен другар и децата до навршена 21 година) на претседателот на РСМ, претседателот на Собранието на РСМ и претседателот на Владата на РСМ“, стои во Уредбата.

Ако безбедносната проценк оцени висок степен на опасност по нивниот живот и личниот интегритет, министерот за внатрешни работи може да одлучи да добијат посебно обезбедување и на министерот за правда, министерот за финансии, државниот јавен обвинител и претседателот на Уставниот суд.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното