Балкан

Грчка фондација донира по 10.000 евра за роднините на загинатите во железничката несреќа

Грчка фондација донира по 10.000 евра за роднините на загинатите во железничката несреќа

Еднократна парична помош во износ од десет илјади евра ќе биде донирана на добротворната фондација „Стелиос Хаџијоану“ за итни потреби на роднините на загинатите во железничката несреќа минатата недела, во која животот го загубија 57 лица. објави агенцијата АНА-МПА.

Претседателот на фондацијата Стелиос Хаџијоану изрази сочувство до семејствата на загинатите и на повредените им посака брзо закрепнување. „Загубата на човечки живот не може да се замени со ништо. Сепак, сакаме да ги поддржиме семејствата на починатите нудејќи им директна финансиска помош на нивните најблиски како минимална поддршка во овој тежок момент“, додаде тој во официјалното соопштение на фондацијата.

Во соопштението се вели дека сумата ќе биде префрлена на банкарската сметка на најблиските на секој загинат во трагичниот судир во Темпи.

Износот ќе биде префрлен по поднесување на писмено барање, придружено со соодветните придружни документи. Процесот на аплицирање започнува денес и ќе трае до 2 мај 2023 година.

Во верижен судар меѓу патнички и товарен воз на преминот Темпи во централна Грција од 28 февруари до 1 март загинаа најмалку 57 лица на возраст меѓу 20 и 30 години, а десетици беа повредени. Ова е најтешката железничка несреќа во историјата на Грција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни