Свет

Грчката влада со мерки за заштеда на енергија во јавниот сектор

Грчката влада денеска претстави низа мерки насочени кон намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор за 10 отсто на краток рок и за 30 отсто до 2030 година, пренесува Катимерини.

Мерките, кои ги презентираа министерот за енергетика Костас Скрекас, министерот за внатрешни работи Макис Воридис и заменик-министерот за финансии Теодорос Скилакакис, обезбедуваат стимулации за претпријатијата да ги намалат сметките за енергија преку зголемување на нивното финансирање од државниот буџет.

Тие вклучуваат назначување енергетски инспектор за да се осигура дека сите светла и уреди, како што се климатизерите, се исклучени по завршувањето на работниот ден.

Началниците на одделенијата исто така се охрабруваат да внимаваат на одржувањето на системите за ладење и греење на канцелариите, да се потпираат повеќе на природна вентилација и да поставуваат завеси и ролетни каде што е потребно за да обезбедат поголема сенка.

Истовремено, од градските власти се бара да ја подобрат регулацијата на јавното осветлување и да ја намалат употребата на украсни светилки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни