Свет

Гром удри во италијанска плажа, најмалку тројца повредени

Гром удри во италијанска плажа, најмалку тројца повредени

Најмалку три лица се повредени денеска, од кои едно потешко, кога гром удри во преполна плажа на италијанскиот брег на Јадранот, јавија локалните медиуми.

Гром удрил на плажата во близина на Алба Адриатика, во централно-источниот регион Абруцо, нешто по пладне, објавија медиумите, додавајќи дека бројот на повредени е меѓу три и седум.

Како што јави италијанската новинска агенција АНСА, една од жртвите била пренесена со хеликоптер во блиската болница.

Одделот за цивилна заштита денеска предупреди на нестабилни временски услови во централна Италија, со повремени грмежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни