Свет

Гроси: Веднаш да се запре гранатирањето на подрачјето на нуклеарката Запорожје

Гроси: Веднаш да се запре гранатирањето на подрачјето на нуклеарката Запорожје

Веднаш да се запре гранатирањето на подрачјето на нуклеарната електрана Запорожје и да се воспостави заштитна безбедносна зона, повика генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

„Гранатирањето околу нуклеарната електрана Запорожје мора да престане и веднаш да биде договорена зона на нуклеарна сигурност и безбедност“, напиша Гроси на социјалните мрежи.

Тој побара итен прекин на гранатирањето на целото подрачје, наведувајќи оти нападите довеле до исклучување на струјата во Енергодар, град близу нуклеарката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни