Балкан

Грција: Пожарите на четирите главни фронтови се уште не се ставени под контрола

Грција: Пожарите на четирите главни фронтови се уште не се ставени под контрола

Во Грција пожарите беснеат на четири главни фронтови и се уште не се ставени под контрола – на планината Парнити, во Александрополис, Дадија и Беотија.

Стотици пожарникари во Грција во текот на ноќта се обидоа да изгаснат пожари на периферијата на Атина, наредена е дополнителна евакуација, а властите предупредија на ризик од нови пожари низ земјата, пренесе „Катимерини“.

Цивилната заштита нареди евакуација на областа Ано Лиоси во северозападна Атина, област со повеќе од 25.000 луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни