Балкан

Грција со ново строго правило за возачите, еве што треба да знаете пред да тргнете на пат!

Грција со ново строго правило за возачите, еве што треба да знаете пред да тргнете на пат!

Во Грција стапува на сила нов закон кој се однесува на електрични, хибридни и други возила напојувани со алтернативни горива како течен или природен гас кои користат фериботи или бродски услуги за време на патувањето.

Туристичката агенција Nikana.gr на социјалните мрежи и на веб-страницата Anek.gr, објави соопштение според кое се известуваат возачите кои за Грција патуваат со автомобили, користат фериботи и бродови дека „нов закон на Министерството за поморство и крајбрежната стража стапи во сила и се однесува на електрични и хибридни возила, како и возила кои користат други алтернативни горива, како течен или природен гас“.

Според новиот закон во Грција, новите услови се:

– од безбедносни причини, батериите на електричните и хибридните возила не смеат да се полнат повеќе од 40 проценти од вкупниот капацитет, со задолжителна контрола на температурата, а полнењето на акумулаторот на брод или траект е забрането

– за автомобили што користат течен или природен гас, законот бара резервоарите да не се полнат повеќе од 50 проценти од вкупниот капацитет

На возачите не им е јасно како ќе изгледа проверката, па истото го истакнаа и во коментарите.

Only 1% Of Viewers Had The Guts To Finish This Movie
ZESTRADAR
Тие напишале дека не им е јасно како ќе функционира тоа, додека поединци тврдат дека „оваа регулатива е многу оптоварена“.

„Како ќе утврдат колку бензин има во боцата… На Тасос бензинот бил значително поскап отколку на копното, и тоа е причината“, вели возач на автомобил на плин.

„Сигурно, пред да влезете во траектот, две колони ќе го измерат волуменот на гасот и батеријата“, додава друг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни