Балкан

Грција: Трет ден гаснење на пожарите во западна Атика, Лутраки и Родос

Грција: Трет ден гаснење на пожарите во западна Атика, Лутраки и Родос

Трет ден продолжува битката со пожарите на трите главни фронта во Грција кои се уште траат, во западна Атика, Лутраки и Родос. Ноќта беше многу тешка во сите три области, а штом осамна денот повторно се активираа воздушните средства, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Како што изјави претпладнево претставникот на Противпожарната служба, Василис Ватракојанис, на три главни фронта дејствуваат силни противпожарни сили и засилени авијациски средства.

Пет авиони и осум хеликоптери беа распоредени во западна Атика, четири авиони и три хеликоптери во Лутраки и три авиони и три хеликоптери на Родос.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни