Груби: Ќе се објави имотната состојба и приходите на сите функционери

За сите функционери ќе се знае имотната состојба и приходите кои ги добиваат, најави вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, првиот вицепремиер Артан Груби.

Се вчитува...

„Една од главните приоритети на новата Влада ќе биде да се објави список на имотна состојба и приходи за сите носители на јавни функции“, рече Груби.

Додаде дека по изработката на тој список доколку има несовпаѓања во однос на приходите и стекнатата имотна состојба веднаш ќе биде реагирано соодветно.

ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:

До сега имотната состојба на функционерите за преглед беше достапна само пред Државната комисија за спречување на корупцијата.

За тоа колку се богати функционерите ТВ21 пишуваше денеска, читај ТУКА.

.

Извор: ТВ21