Груби: СДСМ и ДУИ во Владата се едно, одлуките ги носиме со консензус

Артан Груби, првиот заменик на премиерот вечерва во првото издание од дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека во Владата СДСМ и ДУИ се едно, а одлуките ги носат со консензус.

Се вчитува...

Груби во емисијата ги објаснуваше неговите ингенреции како прв вицепремиер и рече дека во Владата нема вето, туку одлуките се носат со консензус.

„Одлуките ги носиме заеднички и со консензус, односно сите членови на Владата и тоа функционира одлично во овие први три денели од формирањето“, потенцираше Груби во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Позицијата прв вицепремиер се воведува за прв пат во Северна Македонија. За ова специјално беше изменет и деловникот за работа на владата, во кој е додаден зборот „прв“, пред функцијата „вицепремиер“ и е прецизирано дека, токму тој ќе го менува премиерот во негово отсуство.

.

Извор: ТВ21