Пратеникот на ДУИ, Артан Груби изјави дека Венецијанската комисија предвидува употреба на јазикот и во партиите и униформата на војската. Груби додаде дека карактеристика на премиерот е да згреши па да се извини.
„Изјавата на премиерот е во врска со него самиот, бидејќи тој често знае и да побара прошка. Јас сметам дека тоа е една од карактеристиките на премиерот. Што се однесува до законот за употреба на јазиците, предлог верзијата на Венецијанската комисија предвидува употреба на јазикот и во парите и униформата на војската. Не можеме да ја гледаме по делчиња, бидејќи се уште не е финално“, изјави Артан Груби – пратеник на ДУИ.
