Во синоќешното гостување во “ClickPlus” на ТВ21 на адвокатот Александар Тортевски, новинарот и уредник Александар Чомовски и аналитичарот Петар Арсовски, една од темите беше и екс премиерот Никола Груевски и неговото „бегство“ во Унгарија, како и застарувањето на делото во случајот „Траекторија“. Во тој случај токму пред два дена Судот донесе одлука да го поништи обвинението на поранешниот премиер.
Интересно беше да се слушнат мислењата на гостите. Тортевски рече дека во СЈО има злоупотреба на службената положба поради квалификации на делото на Груевски. Тој додаде дека мора да има одговорност кај некои луѓе за застарување на делото за случајот „Траекторија“.
Тортевски: Има злоупотреба на службена положба во СЈО поради квалификацијата на делото за Груевски
Тортевски: Има одговорност кај некои луѓе за застарувањето на делото на Груевски
Доколку сте го пропуштиле “ClickPlus” на ТВ21, може да го погледнете низ следното видео: