Вистинската причина заради која Заев се одлучи на брзи избори по неуспехот со почетокот на преговорите со ЕУ е неговата намера повторно, обидувајќи се да ја демонизира опозицијата, да моли за поддршка во изборите пред меѓународниот фактор, напиша бегалецот Никола Груевски на неговиот ФБ профил.
Меѓудругото додава:
-Очигледно неговата лична проценка е дека ова е последен момент кога би можел да состави некаква приказна, колку и таа да звучи неубедливо, за да побара таква помош.
Тој е свесен дека без нив нема никакви шанси народот да му даде доволно поддршка, со која би победил или пак по поразот на изборите и без победа да состави влада.
Всушност тој би одел горе-долу со истата кампања и тези надвор кај меѓународниот фактор, но и внатре на самите избори. Претставувајќи ја опозицијата како ,,националистичко плашило” за европските и евроатланските интеграции, а себеси како “ангел спасител” за истото.
Одлуката на Заев за предвремени избори не е ниту за добивање насока од граѓаните чија насока никогаш и не му значела ниту некогаш ја почитувал, ниту за нова доверба која никогаш не ја ни добил, ниту за неговиот кредибилитет кој всушност и го нема.
Одлуката во неговите очи е последната “сламка за спас”.