Од вкупно 165 барања за азил во Унгарија, само 4 од нив биле прифатени, меѓу кои и барањето на екс-премиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на казна затвор од две години во случајот „Тенк“, информираат од Канцеларијата за имиграции и азил, а пренесува порталот „Индекс“. Сел Бернадет, која е независна пратеничка во унгарскиот парламент, побарала да ги види документите со кои Груевски поднел барање за азил, но Канцеларијата за азил не дозволила.
Оттаму посочиле дека со ниту еден закон не се предвидува пратениците да имаат пристап до документи кои содржат лични податоци. Унгарскиот закон за азил предвидува секој што влегол во Унгарија од таканаречена безбедна земја, дека не може да добие азил.
Но, екс-премиерот на Македонија, Никола Груевски доби азил за само неколку дена, иако според информациите тој во земјата влегол преку Србија која унгарските власти ја сметаат за безбедна земја.
