Балкан

Густа магла го затвори сообраќајот кај Босфор

Густа магла го затвори сообраќајот кај Босфор

Босфорот е затворен за сообраќај во двата правци поради густата магла, соопшти агенцијата Анадолија.

Во соопштението на веб-страницата на Генералниот директорат за крајбрежна безбедност се наведува дека од вечерва во 1.20 часот е во прекин сообраќајот на бродови низ Истанбулскиот теснец.

Истанбулското јавно поморско сообраќајно претпријатие најави промени и во распоредот на „поморските автобуси“ што ги поврзуваат островите и копното поради густата магла во областа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни