Густата магла откажа девет полетувања и слетувања од аеродромот „Скопје“

Девет полетувања и слетувања од рано утрово се откажани на аердоромот „Скопје“. Како причина се наведува неповолните услови за полетување и слетување на аеродромот, односно густата магла.

Според информациите од аеродромот, откажани се слетувањата на два авиони од Виена во 00:20 и еден од Истанбул во 08:00 часот утрово.

Се вчитува...

Од полетувања откажани се летовите за Виена, Загреб и Истанбул.

Извор: ТВ21