Свет

„Хајнекен“ заминува од Русија поради војната во Украина

„Хајнекен“ заминува од Русија поради војната во Украина

Холандската компанија за пиво „Хајнекен“ денеска соопшти дека се повлекува од Русија, со што станува уште една западна компанија што ја напушта земјата поради инвазијата на Москва врз Украина.

– По претходно објавениот стратешки преглед на нашиот бизнис, заклучивме дека сопственоста на „Хајнекен“ врз бизнисот во Русија повеќе не е одржлива, ниту остварлива во сегашната средина, се наведува во соопштението на компанијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни