Хајрулаки најави кандидатура за републички обвинител: Треба да се избркаат 10 луѓе за да се исчисти обвинителството од рекет и политика

Адвокатот и поранешен виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, кој неодамна си поднесе оставка откако беше суспендиран, најави камбек на голема врата. Тој потврди дека ќе се кандидира за функцијата Републички јавен обвинител, тврдејќи дека ги исполнува условите и дека има план како да ја „крене на нозе“ институцијата.

Во своето гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, Хајрулахи упати тешки обвинувања за состојбата во правосудството, опишувајќи го Јавното обвинителство (ЈО) како „обезглавено“ и во длабока криза.

Се вчитува...

„Институцијата работи како брауново движење“

Според Хајрулахи, ЈО во моментов функционира без јасна хиерархија, по принцип на хаос (брауново движење), каде што главниот интерес се притворите и договорите.+1

„Десет обвинители ако се тргнат од тоа обвинителство и тек-тук некои инсталати нивни, за шест месеци до една година Јавното обвинителство ќе се крене на нозе… Ги интересира рекетот, ги интересираат притворите да стават некого во притвор, да го држат месец-два, па после да го пуштат, за добар договор“, изјави Хајрулахи.

Остри критики за Коцевски, Јовески и Бубевски

Хајрулахи не штедеше зборови за поранешните и актуелните раководители:

  • За Љупчо Коцевски: Рече дека под негово водство институцијата станала „приватна испостава“ со уценети обвинители кои работеле под притисок и по нарачка.
  • За Љубомир Јовески: Го оцени како „писмен“, но човек кој „немал став“.
  • За Гаврил Бубевски: Хајрулахи остро се спротивстави на евентуалниот реизбор на Бубевски за шеф на скопското обвинителство (чиј мандат истекува на 20 јануари). Тој тврди дека Бубевски барал притвори од политички причини, цитирајќи го дека му рекол: „Овој предмет мора да успее ради политиката“.

„Ме тргнаа зошто не дозволив политички прогон“

Хајрулахи тврди дека вистинската причина за неговата суспензија е тоа што преку него не можеле да се реализираат политички монтирани предмети насочени кон партијата која сега е на власт. Тој додаде дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) служело само како алатка за ваквите дејствија и дека многу луѓе лежеле затвор „без ќор доказ“.