Во моментов интернет страницата на Министерството за образование и наука не се отвора. Претходно, наводно врз страницата бил извршен хакерски напад. Како што објави порталот Република, оставен бил потпис од хакерски тим кој се претставил дека е грчки, односно пишувало ,,Хакирано од грчкиот хакерски тим ,,Netwatchers”.
Дали се работи за хакери од Грција е тешко да се каже затоа што вообичаено се оставаат пораки преку кои сомнежот во истрагата треба да се насочи во погрешен правец. А, дали се работи само за обид за оневозможување на работата на сајтот на МОН или пак се работи и за обид за влез и кражба на податоци од електронскат база на министерството, можеби и за кражба на финансиски средсетва, ќе треба да се направи обид за успешна истрага. Истрагите од овој вид тешко доаѓаат до изворот на нападот, бидејќи големите хакерски групи се не само технички и кадровски одлично опремени, туку и нападите можат да ги извршат од која било точка на планетата.
