Свет

Хамас со писмо до Трамп: Бараат 60-дневен прекин на огнот!

Хамас со писмо до Трамп: Бараат 60-дневен прекин на огнот!

Групата Хамас му испратила писмо на американскиот претседател Доналд Трамп, барајќи гаранции за 60 дена мир во Појасот Газа во замена за ослободување на заложниците што сè уште ги држи групата, објави денес „Фокс њуз“, повикувајќи се на неименуван функционер од администрацијата на Трамп.

Писмото наводно моментално се наоѓа во Катар и ќе му биде доставено на Трамп подоцна оваа недела.

Повикувајќи се на свои неименувани извори, израелската телевизија „Канал 12“ објави дека претставници на Хамас не го потпишале писмото, но ќе го сторат тоа во наредните денови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни