Следната недела во земјава ќе дојде Јоханес Хан, а од тука на 25 и 26 јули ќе отпатува во соседна Србија. Како што информираат Хан доаѓа да ја испитува актуелната политичка ситуација во регионов.
„Комесарот Хан во Белград ќе се состане со претседателот и премиерката на Србија, со кои ќе разговара околу реформите кои ги спроведува Србија на патот кон ЕУ, како и за регионалните прашања“ – изјави портпаролот на ЕУ за агенцијата Танјуг.