Преку социјалните мрежи се огласи и еврокомесарот Јоханес Хан веднаш по историското гласање во грчкиот парламент и прифаќање на Договорот од Преспа.
„Преспанскиот договор за решавање на спорот со името помеѓу Грција и наскоро Северна Македонија, претставува историски чекор за двете земји, за регионот и за Европа. Им честитам на лидерите на двете земји за нивната храброст и визија“, напиша Хан на својот „Твитер“ профил.
