Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Свет

Хант: Инфлацијата поголема од 10 проценти ја дестабилизира британската економија

Хант: Инфлацијата поголема од 10 проценти ја дестабилизира британската економија

Британскиот министер за финансии Џереми Хант денеска изјави дека британската Влада планира да ја намали инфлацијата во земјата која надминува 10 отсто, поради опасноста таквата инфлација да ја дестабилизира економијата на Велика Британија.

– Кога инфлацијата е над 10 отсто, тоа е дестабилизирачко за економијата. Не е добро и, на крајот на краиштата, е опасно ако остане толку висока, рече Хант на настан организиран од Политико.

Според официјалните податоци, објавени претходно денеска, во Велика Британија е забележан помал од очекуваниот пад на инфлацијата на годишна основа и таа сега е на ниво од 10,1 отсто.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни