На Косово и Метохија ноќта помина мирно. Граѓаните продолжуваат да се собираат пред општините на север и бараат ослободување на уапсените Срби и повлекување на специјалците.
Се влошува состојбата на административните пунктови – блокиран е преминот на сите товарни камиони.
Ова го направија возачите на камиони со српски регистерски таблички во знак на протест дека една недела не можат да влезат на Косово и Метохија, додека нивната роба се расипува и роковите за испорака се изминати, поради што имаат милионски штети.
Во Рудар, меѓу Куршумлија и административниот премин Мердара, веќе трет ден се собираат мештани и камионџии кои живеат од транспорт на стока до Косово и Метохија. Не дозволуваат движење на камиони и автобуси со косовски таблички.
Како што јави РТС, околу 700 камиони чекаат на паркинзи од Краљево до Јариње поради блокадата на административните премини.
фото: Kossev
