ХАОС ВО ХОЛАНДИЈА ЗА НОВА ГОДИНА! НЕМИРИ НИЗ ДРЖАВАТА: Демонстрантите фрлаа пиротехнички средства кон полицијата

Во Холандија на новогодишната ноќ избија немири.

На новогодишната ноќ во Холандија неколку десетици полицајци беа повредени за време на немирите кои избија во земјата. Приведени се над 200 лица, соопшти полицијата на оваа земја.

Полицијата ги осуди „сериозните инциденти и неприфатливото насилство“, додавајќи дека во неколку градови полицајци биле нападнати со пиротехнички средства и камења, пишува Ројтерс. Повеќе од сто возила се запленети во Ротердам, соопшти полицијата. Единиците за борба против немири ги растераа насилните демонстранти во Амстердам, Хаг и други градови.