Свет

Хаос во Нов Зеланд – луѓето пливаа од собите за да се спасат, невремето го уништува островот

Хаос во Нов Зеланд – луѓето пливаа од собите за да се спасат, невремето го уништува островот

Владата на НОВ ЗЕЛАНД прогласи национална вонредна состојба само трет пат во својата историја, откако циклонот Габриел предизвика поројни поплави, лизгање на земјиштето и огромни бранови низ Северниот остров.

„Времето е без преседан и во голема мера влијае на поголемиот дел од Северниот остров“, рече министерот за управување со вонредни состојби, Киеран МекАнулти. Национална вонредна состојба беше прогласена само два пати претходно – по земјотресот со јачина од 6,3 степени во Крајстчерч во 2011 година и во раните денови на пандемијата на коронавирус.

Големо невреме го опустоши Северниот остров, а нивото на водата толку многу се зголеми што градовите, патиштата беа поплавени, а некои мостови беа уништени. Како што јавува Би-би-си, некои граѓани биле принудени да пливаат од поплавените куќи за да се спасат.

Премиерот Крис Хипкинс рече дека катастрофата е најлошиот временски настан во овој век. Без струја се околу 225.000 луѓе.

Пожарникар исчезна во одрон во Муривај, западно од Окленд. Вториот е критичен.

Најголема штета од невремето има на крајбрежните градови на северот и на источниот брег.

Марсел Смит, чие семејство живее на карпа во заливот Паруа на источниот брег на Северниот Остров, изјави за Би-Би-Си дека побегнала во внатрешноста на поголема височина со своите две мали деца во понеделникот вечерта.

Нејзиниот сопруг останал да постави заштита за нивниот дом. Некои насипи веќе се однесени од водата.

„Се обидуваме да направиме се што можеме за да го заштитиме она во што сме ги вложиле нашите животи. Тоа е човекот против природата во моментов“, изјави таа за Би-Би-Си.

Архитектот Ларс фон Минден (50) живее во Муриваи, крајбрежен град западно од Окленд.

„Ретко сум видел вакво нешто“, изјави тој за Ројтерс по телефон.

„Има три-четири области каде што има овие големи одрони, некои од нив широки 300 метри, кои уништија куќи, патишта, сè.

Локалните медиуми јавуваат дека некои жители на заливот Хок морале да пливаат низ прозорците на нивните соби за да си го спасат животот. Исто така, луѓето беа предупредени дека може да останат без струја со недели.

Многу луѓе побегнале на покривите, каде чекаат помош.

Водата уништила голем број дрвја кои паднале на коловозот, како и столбови за јавно осветлување.

Одбранбените сили на Нов Зеланд објавија драматични снимки од нивниот персонал како спасува заглавен морнар чија јахта била однесена од морето. Тој беше лоциран во близина на островот Голема бариера по мисија за пребарување во текот на ноќта, соопштија властите.

Евакуации и во Окленд

И во Окленд околу стотина луѓе ги напуштија домовите и преку ноќ отидоа во прифатните центри, соопштија властите.

Тежината и штетата што ја гледаме не ја доживеа ниту една генерација“, рече премиерот Хипкинс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни