Заменик министерот за здравство вели дека на Инфективната клиника во Скопје има голем замор кај персоналот.
„Голем замор и истоштеност на персоналот на Инфективна клиника во Скопје. Тој вели дека на Инфективна веќе голем број од вработените се заморени и истоштени. Постои хроничен замор. Ќе направиме се за да им помогнеме, тие се наши херои“, рече во „Click Plus“ на ТВ21, Илир Хасани – заменик министер за здравство.
Синоќа во разговор за ТВ21, министерот Венко Филипче зборуваше на тема капацитети и подготвеност за новиот есенски бран, кој веќе започна.
„Се намали притисокот и во останатите одделенија, освен скопските ширум државата. До пред некоја недела имаше еден краток временски период во којшто навистина немаше место, па сите пациенти се праќаа во Скопје“, посочи министерот Филипче.
Тој додава дека во ниту еден момент не се преполниле скопските болнички капацитети.
„Околу 25 проценти од вкупниот број на новодијагностицирани се асимптоматски, мнозинството од другите пациенти се со лесна клиничка форма, околу 15% од вкупниот број на дијагностицирани се хоспитализирани“, истакна Филипче.
.
