Македонија

Хасани или Каевски, кој е во право? Дали спортската сала во Чегране може да биде изградена за 45 дена!?

Веќе неколку години во текот на предизборните кампањи, политичарите ветуваат спортска сала во Чегране.

„Ни ветија спортска сала која ги исполнува сите услови. Ние имаме аматерски клуб, не можеме да тренираме преку ден, туку само навечер. Тоа претставува проблем.“, вели жител од село Чегране.

И пратеничката Мирсаде Хасани, истото го ветила на последните избори. Синоќа во емисијата Клик Плус одаја го повтори ветувањето, додавајќи дека за месец и половина, ќе заврши изградбата.

„Ќе се реализира. Воопшто да не се грижите. Кога? Проектот не е завршен, но ние ќе се ангажираме, и мислам дека тоа може да се заврши за еден месец. Колку време ќе биде потребно? Месец и пол, 45 дена. Пред нова година да заврши. Нека ни е аирлија. Ќе започнат градежните активности“, изјави Хасани.

ТВ21 разговараше со Директорот на Агенцијата млади и спорт, Дарко Каевски. Но, тој вели дека за овој период како што вели Хасани, не можат да завршат сите градежни работи за изградба на една спортска сала. Најмалку, според него, потребни се два месеци за да се комплетира документацијата.

„За 40 дена тоа е невозможно да се направи. Тоа не зависи од нас. Можеби би можело, ако ни дозволат временските услови. Тоа се зависи од изведувачот кој што ќе има договор со инвеститорот, во овој случај Агенцијата за млади и спорт. Ние најбрзо што можеме ќе ги преземеме сите активности да биде се како што треба за да биде во функција за сите граѓани.“, рече Каевски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт рече дека проектот доставен од општина Гостивар не е одобрен бидејќи имал многу поголем буџет од тој што неговата агенција може да финансира. Затоа Агенцијата подготвила друг проект и во тек е комплетирањето на документацијата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни