Хезболах е либанска милитантна група и сојузник на Хамас
Еден ден пред планираната посета на американскиот претседател Џозеф Бајден на Блискиот Исток, Хезболах објави загрижувачка изјава.
Хезболах во соопштението рече дека среда ќе биде „ден на невиден бес“ против Израел и посетата на Џо Бајден на таа земја.
Да потсетиме дека Хезболах е либанска милитантна група и е сојузник на Хамас. Тие го пофалија нападот без преседан во јужен Израел на 7 октомври.
Израел и Хезболах постојано разменуваа оган преку границата во последните денови.