Пратеникот на Хезболах, Хасан Фадлалах изјави дека Израел го прекршил договорот за прекин на огнот со тоа што отворил оган врз цивилите кои се враќале во нивните села долж јужната граница на Либан.
„Израелскиот непријател ги напаѓа оние кои се враќаат во пограничните села“, изјави Фадлала пред новинарите по седницата на парламентот, додавајќи дека тоа е прекршување на договорот.
Израелски тенкови погодија шест области во јужен Либан, а израелската армија соопшти дека прекинот на огнот со Хезболах е прекршен бидејќи сомнителни лица пристигнале во неколку области во јужната зона.
Примирјето меѓу Израел и либанската вооружена група Хезболах стапи на сила во средата како дел од договорот постигнат со посредство на САД и Франција за да им се дозволи на луѓето во двете земји да се вратат во своите домови во пограничните области.