Балкан

ХГСС објави тажна вест: Почина Тор, куче трагач кое учествуваше во бројни спасувачки операции

ХГСС објави тажна вест: Почина Тор, куче трагач кое учествуваше во бројни спасувачки операции

ХГСС се збогуваше со Тор, куче трагач кое учествуваше во бројни спасувачки операции низ годините.

„Нашиот пријател и четвороножен колега, Тор, кучето трагач на ХГСС Станица Карловац нè напушти“, започна објавата посветена на омиленото куче.

Тор и неговиот водич Дубравко Бутала – Бана беа добро координиран тим, секогаш подготвен да одговори на повикот и да тргне во акција за спасување животи, се наведува во соопштението.

„Во својата кариера како куче трагач во HGSS, Тор помина многу тренинзи, патуваше не само во Лијепа нуша, туку и многу подалеку од границите. Имал успешни пронајдоци на исчезнати лица, а особено е запаметен по наодите во урнатините по земјотресот во Петриња. Најмногу од се, Тор беше дел од семејството на Бана и негов најдобар пријател.

„Уморните шепи на Тор сега најдоа заслужен одмор. Поздрави го нашиот тим горе пријателе“, му се заблагодарија колегите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни