Големите поплави предизвикаа голем број проблеми ширум Хрватска, но некои граѓани и во ваква ситуација не го губат ведриот дух.
Едно од подрачјата кои први беа зафатени од поплавите беше општина Брдовец, каде што реката Сава предизвика големи проблеми. И покрај сериозната ситуација, жителите на овој крај најдоа начин малку да се опуштат и да се смеат, а тоа го покажува и видеото објавено во Фејсбук групата „Наш Брдовец“.
На видеото кое стана вирално, може да се види еден маж како седи во детски базен на надувување, носејќи ранец на грбот, додека се упатува кон својот сосед. Продолжи со тоа, другар“, гласи описот на слаткото видео.
Преку коментарите под видеото дознаваме дека човекот во базенот се вика Марко, а му се обратил на соседот кој го пречекал на прагот облечен во гумени чизми. „Честито комшија“, „Браво Марко“ и „Вистински комшија“, пишуваат коментаторите под објавата.
Видеото можете да го погледнете ТУКА!