Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Македонија

Ходаи: Шестмина студенти бараат по 150 евра од МОН – целта е да се создаде преседан за сите оштетени студенти

Ходаи: Шестмина студенти бараат по 150 евра од МОН – целта е да се создаде преседан за сите оштетени студенти

Шестмина студенти, членови на Форумот за образовни промени, преку судска постапка бараат Министерството за образование и наука да им исплати по околу 150 евра поради неусогласувањето на висината на субвенционираниот студентски оброк.

Бленди Ходаи во „Ноќно студио“ на 4ТВ објасни дека сумата е пресметана врз основа на разликата меѓу средствата што студентите ги добиле и износот што, според Форумот, требало да им биде исплатен согласно законската регулатива.

„Ние бараме да бидат исплатени шест наши членови, што се студенти и што се корисници на субвенционираниот студентски оброк, околу 150 евра за секој од нив. Тоа е разликата пресметана од она што им следувало и што не го добиле“, изјави Ходаи.

Тој нагласи дека финансискиот износ можеби не изгледа значителен, но дека суштината на судската постапка е многу поголема – да се утврди одговорноста на институциите за евентуално непочитување на законите.

„Ова можеби на гледачите ќе им звучи дека е ништо, но нашата цел е да има преседан, дека кога не се почитува законот, ќе има казни не само за граѓаните, туку и за институциите за непочитување на законот“, нагласи Ходаи.

Според него, евентуалната позитивна судска одлука би можела да ги охрабри и останатите студенти, независно од тоа дали се членови на Форумот за образовни промени, да поведат постапки против Министерството.

„Другите студенти што не се членови на Форумот за образовни промени, исто така, да можат да го тужат Министерството за образование и наука и да се повикаат на пресудата за да бидат исплатени ретроактивно за штетата што е направена“, додаде Ходаи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни