Македонија

Хоџа: Немаме проблем Алтернатива да биде дел од Владата

Генералниот секретар на БЕСА, Арјанит Хоџа, воедно и министер за земјоделие, вечерва е гостин на ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“.

Тој за првпат јавно кажа дека БЕСА како партија немаат проблем Алтернатива да се приклучи на парламентарното мнозинство и да стане дел од Владата.

Хоџа кажа дека за такво нешто одлучува премиерот Зоран Заев, и дека за нив е важно да се реализира владината програма.

Познато е дека Алтернатива се оддели од БЕСА и настапи во коалиција со Зијадин Села на последните парламентарни избори.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни