Холандија: Новата варијанта на ковид-19 откриена кај 13 патници

Новата варијанта на коронавирус Омикрон е откриена кај 13 лица кои пристигнале во холандскиот главен град Амстердам со два лета од Јужна Африка.

Овие 13 случаи се меѓу 61 патник кои биле позитивни на коронавирус.

Патниците кои биле позитивни на Ковид-19 се ставени во карантин во хотел во близина на аеродромот во Амстердам.

Оние кои беа негативни на тестот им беше побарано да се изолираат дома пет дена и да направат дополнителни тестови, додека на оние што беа во транзит им беше дозволено да го продолжат своето патување.

По објавувањето на 13-те случаи во неделата, холандскиот министер за здравство предупреди дека може да има дополнителни случаи на новата варијанта во земјата.

Инаку, Холанската влада донесе одлука од денеска да воведе дополнителни ограничувања, вклучувајќи и ноќно затворање на кафулињата, рестораните и повеќето продавници, за да го запре рекордниот раст на случаите на Ковид-19.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното