Музика и Филм

Холивудскиот заводник очекува уште едно дете

Британската манекенка, Рози Хантингтон Вајтли и ѕвездата од акционите филмови Џејсон Стејтам имаат причина за славење. Имено, нивниот мал син наскоро ќе добие брат или сестра.

34-годишната убавица на Инстаграм потврди дека очекуваат ново дополнување.

„Тааа-дааа. Круг број два “, напиша Рози Хантингтон Вајтли, објавувајќи серија фотографии од нејзините стајлинзи традиционално направени во огледало.

Со својата објава, британската манекенка, меѓу другото, откри како успешно го сокрила трудничкиот стомак со облеката, за гордо да го истакне со последната фотографија.

За само неколку часа, нејзиниот пост заработи повеќе од 600.000 лајкови, а многумина и испратија честитки.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни